ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ МАРТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2024/2025

ФАД распоред за летен семестар 2024-2025
февруари 17, 2025
ФEН Мартовска испитна сесија – академска 2024/2025 – термини за полагање
март 3, 2025
Прикажи ги сите

ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ МАРТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2024/2025

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите од мартовската испитна сесија во академската 2024/25 година ќе се врши on-line во периодот од 01.03 до 07.03.2025 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 17.03 до 28.03.2025 година.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за испитната сесија на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО МАРТОВСКА СЕСИЈА 2024/2025

Формуларот [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следниот линк:

е-ПРИЈАВА ЗА ИСПИТ [формулар]

За секој поединечен предмет пополнете е-Пријава за испит, а потоа доставете гo пополнетиот формулар електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

Кристина Георгиевска , [email protected]
1.Факултет за дентална медицина

2.Факултет за дентална медицина – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

Наталија Андреева Галевска, [email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

Надоместокот за пријавување е 620 денари за испит, Oсвен за студентите запишани 2024/2025 надоместокот за пријавување е 930 денари за испит.

Жиро с-ка 25 000 100 264 7886 Шпаркасе Банка.

Уплатница [пример]