Erasmus + мобилност мај 2025

УПИСИ 2025/26 поволности во Мај
мај 9, 2025
ФДМ втора колоквиумска недела – академска 2024/2025 – термини за полагање
мај 14, 2025
Прикажи ги сите

Erasmus + мобилност мај 2025

Во периодот 05-09 Мај 2025 година проф. д-р Маријана Мирческа од Факултетот за Дентална медицина, Европски Универзитет Скопје,  ја реализираше мобилноста на наставен кадар во рамките на Еразмус + програмата на Zonguldak Bülent Ecevit Üniversitesi, Република Турција. Тоа е државен универзитет во чиј состав е Факултетот за дентална медицина основан во 2012 година. Факултетот годишно едуцира околу 500 студенти, и тој број постојано се зголемува. Во склоп на факултетот е Стоматолошка клиника од јавен карактер која им овозможува на студентите реализација на практичната настава. При престојот на оваа установа проф. д-р Маријана Мирческа  се запозна со начинот и  условите при кои се реализира практичната и теоретската настава на студентите. Беа остварени средби со деканот на факултетот и продеканите, во текот на кои е дискутирано за сличностите и разликите на високото образование во двете држави, како и за можностите за понатамошна заедничка соработка. Во текот на престојот беа реализирани и средби со директорот на Стоматолошката клиника, заменикот директор на Институтот за здравје и науки, деканот на Факултетот за Наука. Овие разговори беа водени со посебен акцент на анализата за апликација на новите технологии и методи во секојдневната стоматолошка пракса, како при едукацијата на студентите така и при третманот на пациентите.