Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите од јунскиот испитен рок ќе се врши on-line во периодот од 01.06 до 07.06.2025 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 16.06 до 27.06.2025 година.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101, 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ЈУНСКА СЕСИЈА (2024/2025)
За секој поединечен предмет пополнете е-Пријава за испит, а потоа доставете гo пополнетиот формулар електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
Кристина Георгиевска , [email protected]
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
Наталија Андреева Галевска, [email protected]
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Формуларот [e-Пријава за испит] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:
Надоместокот за пријавување е 620 денари за испит, Oсвен за студентите запишани 2024/2025 надоместокот за пријавување е 930 денари за испит.
Жиро с-ка 25 000 100 264 7886 Шпаркасе Банка.
Уплатница [пример]